Хоспитализиран норвешкиот крал

 

Норвешкиот крал Харалд Петти е примен во болница за да се лекува од „инфекција“, соопштија денеска од кралската палата во Осло.

„На кралот му е дијагностицирана инфекција, поради што ќе остане во болница на лекување неколку дена“, се вели во соопштението на палатата и се додава дека состојбата на 86-годишниот крал е стабилна.

Не се објавени детали за инфекцијата, освен дека кралот е хоспитализиран во главната болница во Осло, Рикшоспиталет.

Харалд беше виден како користи патерици во последните неколку години и беше хоспитализиран неколку пати во последните месеци, последен пат во декември, исто така поради инфекција, и беше лекуван со интравенски антибиотици.

Должностите на Харалд како шеф на норвешката држава се церемонијални и тој нема политичка моќ, а додека е во болница неговите должности ќе ги преземе неговиот син и престолонаследник Хакон.

08.05.2023 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега