Хорор во Индонезија: Експлозија во фабрика за преработка на никел
Најмалку 13 работници загинаа, а десетици се повредени во експлозија на висока печка во фабрика за преработка на никел во кинеска сопственост на индонезискиот остров Сулавеси, соопштија полицијата и официјални лица.
Несреќата се случила утринава во фабриката на компанијата PT Indonesia Tsigshan Stainless Steel, во индустрискиот парк Моровали на индонезискиот остров Сулавеси, соопшти портпаролот на таа индустриска зона Деди Курнијаван.
– Најмалку пет кинески и осум индонезиски работници загинаа кога печка експлодирала додека ја поправале, изјави началникот на полицијата во Централен Сулавеси.
Тој рече дека експлозијата била толку силна што ја уништила печката и ги оштетила ѕидовите на зградата
Според него, 38 работници се пренесени во болници, од кои некои се во критична состојба.
– Властите работат на утврдување дали несреќата е предизвикана од невнимание, рече началникот Сулавеси.
Ова е една од серијата смртоносни несреќи во топилниците на никел во Индонезија, кои се дел од кинеската амбициозна програма за транснационален развој, познат како „Појас и пат“.
Никелот е клучна состојка во глобалното производство на батерии за електрични возила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа