Хорор во Германија: Го претепала своето бебе до смрт, па повикала брза помош
Германската полиција уапсила државјанка на Бугарија (22), која е осомничена дека на шестмесечното бебе му нанела тешки физички повреди, кои довеле до смрт на девојчето.
Детето починало вчера во универзитетската болница во Есен, два дена откога мајката се јавила на итната помош со изговор дека бебето има здравствени проблеми.
Полицијата го истражува убиството на шестмесечното девојче, а мајката се очекува денеска да биде изведена пред суд.
Како што пренесуваат медиумите, мајката на девојчето вечерта на 20 февруари се јавила во итната помош и ги молела веднаш да дојдат бидејќи детето има сериозни здравствени проблеми.
Лекарските екипи го пронашле девојчето во тешка состојба и го почнале процесот на реанимација по што детето итно било пренесено во болница на операција. Според неофицијални информации, детето имало тешки внатрешни повреди.
По операцијата, лекарите ја алармирале полицијата и изразиле сомневање дека детето добило повреди на органите како последица на физичко насилство. Иако лекарите направиле сè за да го спасат бебето, девојчето починало во болница.
Во целиот случај бил вклучен и Центарот за социјална работа, кој се грижел за другото дете.
Осомничената живеела во станот со ќерка си и сопругот, татко на починатото бебе, кој не е осомничен за делото. Обвинителството соопшти дека претходно немало пријава за семејно насилство, а семејството не било во системот на Центарот за социјална работа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа