Хорор во Бразил: момче влегло во училиште и почнало да пука, убило ученик и повредило уште три лица
Во понеделникот наутро, 16-годишник уби ученик со истрел во главата и рани уште тројца кога почнал да пука во училиштето Сапопемба во градот Сао Паоло. Полицијата го уапсила напаѓачот.
Нападот почнал во седум и триесет часот наутро, соопшти полицијата, а како што е наведено, ученикот кој пукал бил жртва на малтретирање.
„Бидејќи повеќе не можеше да го поднесе малтретирањето на училиште, поточно хомофобијата, реши да му го земе пиштолот на татко му. Тој (момчето) додаде дека мајката веќе поднела жалба поради малтретирањето што го претрпел нејзиниот син, а притисокот дополнително се зголемил кога решил да носи женска облека“, рекол адвокатот на момчето, пренесува Ел Паис.
Владата на Сао Паоло соопшти дека во престрелката биле погодени тројца студенти.
„Еден ученик почина, а тројца се во болница, меѓу кои и еден кој беше повреден при обидот да избега. Сите жртви се жени“, се вели во соопштението.
Според една неодамнешна студија на Бразилскиот форум за јавна безбедност, оваа година имало осум слични настани во Бразил.
Напаѓачот употребил огнено оружје и покрај тоа што добивањето во Бразил е многу покомплицирано отколку во САД.
Vídeo mostra momento do ataque em escola na Zona Leste de SP pic.twitter.com/veklqXxCiW
— Van Patriota // Van Liberdade (@Vanpatriota) October 23, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа