Хорор во Бразил: Маж се разнесe со бомба пред Врховниот суд
Маж синоќа откако не успеа да влезе во зградата на Врховниот суд во Бразилија, активираше бомба и се самоуби.
Тој прво активирал бомба на паркингот пред Врховен суд, а веднаш потоа пред зградата активирал уште една бомба, каде е пронајдено неговото тело.
Локалните власти соопштија дека во автомобилот на мажот пронашле и други експлозивни направи. Според нив инцидентот најверојатно не е поврзан со Самитот на Г20 што на 18 и 19 ноември се одржува во Рио де Жанеиро.
14.11.2024 - 11:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа