Холандски дипломат поднесе оставка по контроверзната изјава за Украина

 

 

Дипломатот ветеран Рон ван Дартел, кој пред помалку од три недели беше назначен од Министерството за надворешни работи да ја надгледува холандската улога во обновата на Украина, поднесе оставка поради забелешките што наводно ги кажал за Русија.

И холандското Министерство за надворешни работи соопшти дека Рон ван Дартел веднаш ќе поднесе оставка.

Министерката за надворешна трговија и развојна соработка, Лисје Шрајнемахер, ја почитува неговата одлука и ја прифати неговата оставка.

„И Украинците се Руси. Тоа не смееме да го заборавиме. Ова е реалноста“ му рече овој поранешен холандски амбасадор во Србија, Полска и Русија на Џерард Дилесен, автор на новата книга „Als je de lat lager legt ga je niet hoger springen“ („Спуштањето на шипката не значи дека ќе скокнеш повисоко“), по што тој поднесе оставка.

Министерството соопшти дека коментарите на Ван Дартел биле дадени пред неговото назначување на почетокот на овој месец, но не биле јавно објавени дури откако тој ја презел својата нова функција.

21.04.2023 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега