Хаос во Чаир: Фрлени летоци, испукана димна бомба - двајца сликале гласачки ливчиња

Двајца гласачи од Скопје и Штип ги сликале гласачките ливчиња, информираше портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, додавајќи дека во Бучим, радовишко гласач го покажал гласачкото ливче на еден од набљудувачите.

Вели дека во Чаир се забележани летоци кои биле оставени врз паркирани автомобили.

-Исто така, регистрирани се испишани графити. На едно гласачко место во Скопје, покрај испишаниот графит од страна на претседател на Избирачки одбор е пријавено дека во 06:03 часот во ходникот е пронајдена испукана димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и се разбира гласањето се одвива непречено, вели Ангеловски.

24.04.2024 - 12:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега