Хаос на аеродром во Индија: Приведен патник од Малезија, во куфер сокрил 47 питони и два гуштери

 

Властите во јужната индиска држава Тамил Наду заплениле 47 питони од патник кој допатувал од Малезија, јавува Анадолија.

Царинските службеници на меѓународниот аеродром Тиручирапали истакнале дека врз основа на „разузнавачки информации“, службениците заплениле 47 питони и два гуштери скриени од патник.

Патникот пристигнал од Каула Лампур во Малезија на 29 јули со Batik Air.

India Today објави дека патникот бил задржан на аеродромот откако во куферот на патникот биле пронајдени питони и гуштери.

Властите иницираа процес на враќање на влекачите во Малезија, се вели во соопштението и се додава дека патникот е задржан на сослушување.

01.08.2023 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега