Хамас ја презеде одговорноста за смртоносните напади во близина на Тел Авив

 

Палестинската исламистичка организација Хамас денеска ја презеде одговорноста за двојниот терористички напад во градот Ранани, во централниот дел на Израел, недалеку од Тел Авив, во кој една жена загина, а 17 лица беа ранети, меѓу кои и неколку деца.

Како што се наведува во соопштението на Хамас, нападите се „одговор на масакрите на окупаторот и продолжување на неговата агресија врз палестинскиот народ“.

Израелската полиција соопшти дека двајца осомничени Палестинци од областа Хеброн биле уапсени набргу по истовремените напади во кои украле возила и на повеќе места со нив удриле во група луѓе.

Израелските медиуми јавуваат дека напаѓачите со нож нападнале најмалку една жртва.

Полицијата претходно соопшти дека осомничените се роднини, но не ја коментираше изјавата за одговорност на Хамас.

Хеброн е град во окупираниот Западен Брег. Делови од таа територија се управувани од палестинската управа, во која доминира Фатах, ривал на Хамас.

Напаѓачите влегле илегално во Израел, што го правеле многупати досега, а сега се во полиција.

Сè уште е во тек потера во областа Ранана за да се осигура дека нема дополнителни напади во услови на зголемени тензии по повеќе од три месеци војна во Појасот Газа.

15.01.2024 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега