Гутереш: Израелскиот напад врз Рафах би предизвикал хуманитарна катастрофа и последици за целиот регион

 

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш предупреди на опасност од хуманитарна катастрофа и последици за целиот регион доколку израелската војска продолжи со офанзивата во Рафах, јужниот дел на Појасот Газа.

Половина од населението на Газа сега е во Рафах и нема каде да оди. Информациите дека израелската војска планира да ги фокусира следните операции на Рафах се алармантни.  Таквата акција експоненцијално ќе го влоши она што веќе е хуманитарен кошмар со неописливи регионални последици“- објави Гутереш на Икс.

Неодамна израелската влада најави офанзива против Рафах, град лоциран на границата со Египет. Пред војната, градот беше дом на околу 200.000 луѓе, а сега таму има повеќе од еден милион Палестинци кои избегаа од борбите од другите делови на Појасот Газа.

 

09.02.2024 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега