Гутереш ги осуди немирите во Судан: „Веднаш прекинете со насилството“

 

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги осуди борбите во Судан и им порача на водачите на вооружените сили на Судан и Силите за брза поддршка веднаш да ги прекинат непријателствата.

„Ги повикувам сите оние кои имаат влијание врз ситуацијата да го искористат за доброто на мирот, да ги поддржат напорите за ставање крај на насилството, воспоставување ред и враќање на патот на транзицијата“, рече Гутереш и оцени дека хуманитарната ситуација во Судан веќе беше несигурна, а тоа сега е катастрофално.

Најмалку 97 лица загинаа во суданскиот главен град Картум, додека интензивните борби меѓу армијата и паравоените групи во земјата продолжуваат трет ден. Според Си-Ен-Ен, изгледите за мирна транзиција кон цивилно владеење се намалуваат, бидејќи двете страни меѓусебно се обвинуваат за почетокот на борбите.

Судирите прво избија во саботата меѓу армијата и паравоените сили за брза поддршка (РСФ), предводени од Мохамед Хамдан Дагало, познат како Хемедти.

17.04.2023 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега