Гутереш: 2024 година нека биде година на враќање на довербата
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш во видео порака повика 2024 година да биде година на враќање на довербата и враќање на надежта по 2023 година, која, како што наведе, беше година на огромни страдања, насилство и природни катастрофи предизвикани од климатските промени.
Гутереш предупреди дека војните во светот се сè побројни и катастрофални и дека поради оваа причина 2024 година мора да биде година за враќање на довербата и враќање на надежта, пренесе Тас.
„Човештвото е во болка. Нашата планета е во опасност“, предупреди Гутереш.
Генералниот секретар потсети дека 2023 година беше најтоплата година во историјата и дека луѓето ширум светот се погодени од растечката сиромаштија и глад, пренесува Танјуг.
„Мораме да се погрижиме новите технологии, како што е вештачката интелигенција, да бидат сила за добро“, рече Гутереш.
На крајот од видео пораката тој посака среќна и мирна Нова година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа