Густата магла ги приземји авионите на скопскиот аеродром
Густата магла, која никако да се крене од скопската котлина, ги приземји авиониот кои требаше да полетаат рано наутро од Аеродромот во Скопје.
Според податоците на веб страната на ТАВ Македонија, авионите за Виена и Загреб чие полетување беше закажано во 04:30 и 05:50 часот наутро нема да полетаат.
Откажани се и летови кои вечерва требаше да слетаат на Аеродромот во Скопје. Станува збор за два лета од Загреб, и по еден од Виена и Франкфурт. Летовите од Малме и Копенхаген ќе доцнат два часа, а од Осло е пренасочен и авионот ќе слета на некој од соседните аеродроми.
Маглата и вчера правеше проблеми на скопскиот аеродром, кога за 12 часа биле откажани 10, а пренасочени 3 лета поради намалената видливост.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа