Гугучевска: Подготвени сме за избори во секој момент кога би биле распишани

 

Државната изборна комисија (ДИК) апсолутно е подготвена да организира и да спроведе избори во секој момент кога би биле распишани, изјави во интервју за МИА портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска.

-Апсолутно да. Државната изборна комисија постои како професионално тело со своја стручна служба и работи постојано. Како што кажав и претходно, особено ни е интензивна работата помеѓу изборите и се подготвуваме за да успешно спроведеме избори кога и да бидат распишани. Самиот изборен процес е успешно организиран и спроведен само доколку подготвителените дејствија биле успешно спроведени и завршени. Ние за избори постојано се подготвуваме така што сите надлежности на ДИК, апсолутно е подготвена да ги изврши во секој момент кога би биле распишани избори, вели Гугучевска.

На прашањето дали успешни избори би можеле да се спроведат со сегашната легислатива, имајќи предвид дека иако се зборуваше за потребата од нов изборен законик или за промена на постојниот, работната група се уште не е формирана, портпаролката потсетува дека со Изборниот законик каков што е сега во моментов веќе имаме спроведено изборни процеси и тоа Локалните избори во 2021 година за сите општини и за Град Скопје, како и минатогодишните избори во три општини така што ДИК има искуство со изборното законодавство и со имплементацијата на истото.

-Ќе се сетиме дека во 2021 година првпат имавме воведено изборна технологија односно уреди за биометриска идентификација на гласачите без пилот проект односно се пилотираа на самиот изборен ден во целата држава. И тоа беше своевиден предизвик, меѓутоа ДИК успеа заедно со останатите вклучени во процесот повторно успешно да ги организира и спроведе изборите што е нотирано и во извештаите од меѓународните набљудувачки мисии, овде мислам пред се на мисијата на ОДИХР. Секако ДИК и со овој Изборен законик би ги спровела изборите фер, демократски, и тоа не е под знак прашалник, потенцира Гугучевска.

20.01.2023 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега