Груевски евоцираше спомени на Фејсбук: Имав 25-26 години и бев поканет на бина

 

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук и објави роденденска честитка на УМС.

- Ова е фотографија од настан на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во драмскиот театар во Скопје, во 1996 година. Не го паметам точниот датум. Тоа беше некаква промоција на 12 членови на УМС кои тогаш биле во нешто, во некои области најуспешни. Имав 25-26 години и бев поканет на бината и преставен како брокер кој ја направил првата трансакција на македонската берза за хартии од вредност која токму таа година на 28 март се отвори. Беше присутен претседателот на партијата и поголем дел од тогашното раководство. УМС и тогаш, и подоцна низ годините и денес е многу значајна! Честит 34. роденден УМС!, напиша вчера Груевски.

 

08.04.2025 - 11:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега