Груби – Викерс: Наши приоритети се железничката пруга Скопје – Драч, клиничкиот центар и целосна дигитализација

 

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби, се сретна со специјалниот пратеник за трговија за Западен Балкан, г. Мартин Викерс, придружуван од амбасадорот г. Метју Лосон.

Груби и Викерс разговараа за билатералните односи, економско-трговската соработка, Британската бизнис-асоцијација и поддршката за регионалната стабилност и безбедност, како и проектите што се реализираат, вклучително и железничката пруга Скопје – Драч, клиничкиот центар, како и целосна дигитализација на Владата и владините служби.

Односите меѓу двете земји беа оценети како стабилни, вклучително и економската и комерцијалната соработка, при што Груби истакна дека Обединетото Кралство е втор по големина инвеститор во земјата, а Северна Македонија е првиот трговски партнер од Западен Балкан.

Работата на британските компании во нашата земја беше високо ценета, особено сега по формирањето на Британската бизнис-асоцијација, која ќе придонесе за привлекување нови инвестиции со посебен акцент во областа на енергетиката и инфраструктурата.

Груби и Викерс разговараа и за политичките актуелности во земјата и регионот, при што му се заблагодарија за континуираната поддршка во насока на зајакнување на демократските капацитети, одржување и зајакнување на регионалната стабилност и безбедност во рамките на НАТО и на патот кон членство во ЕУ.

28.09.2023 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега