Груби: Имаме селективна правда, корупцијата е главен кочничар
Имаме селективна правда, но сите заедно треба да смогнеме сили да започнеме процес на цел општествен ветинг и да расчистиме еднаш и засекогаш со сите корумпирани политичари, новинари, судии, обвинители, истакна првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.
– Имаме селективна правда, за жал, и тоа го имаме констатирано во неколку наврати во неколку случаи. Но, јас сметам дека вие медиумите, невладините организации, политичките партии, но и судството, судиите, обвинителите, треба заедно да смогнеме сили да започнеме процес на цел општествен ветинг, да расчистиме еднаш и засекогаш со сите корумпирани политичари, новинари, судии, обвинители и да пројдеме низ тој процес на прочистување како општество и да го вратиме кредибилитетот и довербата во институциите. Затоа, се надевам дека 2023-та ќе биде година кога ќе го усвоиме законот за ветинг и ќе започнеме со тој процес, рече Груби во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.
На прашањето кој ја опструира правдата, Груби со одговор дека „корупцијата е главен кочничар“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа