Грковска побара истрага против „пучистите“ од Судскиот совет

 

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска побара истрага на повеќе нивоа против „пучистите“ од Судскиот совет по обидот да ја разреши сопствената претседателка Весна Дамева.

Ова доаѓа откако експертите реагираа дека не е запазена законската процедура, ниту е испочитуван Деловникот при нејзиното разрешување од функцијата претседател на Судскиот совет.

Од скопското обвинителство велат дека ги следат случувањата во Судскиот совет, но предмет велат евентуално би се отворил откако одлуките формално би биле објавени во Службеник весник.

„Ваквото однесување на членовите на Судскиот совет е срамно не само за нив туку и за државата. Телото кое е задолжено да ја оценува работата на судиите и судовите во земјава, мора да биде пример за професионалност и законито работење. Јавно прашувам, со кој кредибилитет ќе продолжи ваквиот Судски совет да носи одлуки?

https://ads.faktor.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=47&loc=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fgrkovska-pobara-istraga-protiv-puchistite-od-sudskiot-sovet&cb=f072a57b18

Кој би бил нивниот кредибилитет како судии? Уште повеќе, очекувам надлежните институции да покренат постапки на повеќе нивоа, зошто одмолчувањето и игнорирањето ќе значи сериозно дерогирање на целото општество“, реагираше Грковска денеска на социјалните мрежи.

 

29.04.2023 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега