Грковска: Немало одлука од Владата да се повика американскиот тим за откривање на корупција
Вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска во „емисијата 24 анализа“, на ТВ24, вечерва кажа дека доколку имало добри резултати немало да се оформи СЈО.
- Очекувавме дека ќе има поенергична иницијатива како поука на се што се случувало дотогаш. Јас не работев со американскиот тим. Одлука за повикување на тимот немало во владата. Османи веројатно зборува за активности во доменот на надворешната политика и е најповикан за тоа. Ние во кабинетот постојано имаме актиности кои се врзани во делот на детектирање на системските слабости и како да се надминат, изјави Грковска.
14.12.2022 - 21:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа