Грковска: Не смее да се нормализира говорот кој дискриминира и поттикнува насилство

Во своето воведно обраќање, вицепремиерката Грковска посочи дека е неопходно да се градат сеопфатни и што пошироки пристапи за справување со говорот на омраза, кои ќе ги вклучуваат сите аспекти на проблемот: корените на омразата, мотивите за нејзино ширење и искористување за одредени цели, справувањето со штетите врз поединците, групите, општеството и демократските уредувања на глобално ниво, како и регулацијата и санкционирањето.
Таа посочи дека проблемот со говорот на омраза не може да се реши со една мерка или закон и дека справувањето мора да биде континуирано, со вклученост за сите страни и со инкорпорирање на меѓународните практики и искуства.
„Она на што јас би сакала посебно да се осврнам е личната одговорност, особено на оние кои имаат одредено влијание во средината, а тоа влијание го користат, па дури и го јакнат преку ширење омраза.
Ова беше и заедничкиот заклучок од денешниот настан, кој се организира по повод промоцијата на Препораката на Комитетот на министри за борба против говор на омраза на македонски јазик, а во рамки на програмата на Европската унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа