Грција: Беснеат пожари во регионот на Еврос, пожарот во Дадија не е ставен под контрола

 

 

Во Грција беснеат пожари во регионот Еврос на северот од земјата, а особено голем пожар има во близина на шумата во Дадија кој се уште не е ставен под контрола, пренесува Танјуг.

Во неделата попладне беше наредена евакуација за Лефкимија и Каситери.

Во Лефкимија пожарот се приближил до првите куќи, но бил спречен од пожарникари и доброволци.

Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола пожарот кај Дадија за да не се прошири во шумата.

Министрите денеска ќе ги посетат погодените подрачја на Еврос, а ќе започне и поднесување барања за парична помош за граѓаните кои претрпеа штети во пожарите, соопшти ЕРТ.

Портпаролот на противпожарната бригада Јанис Артопиос изјави дека е отворена истрага за можноста пожарите во областа Еврос да се подметнати.

 
28.08.2023 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега