Грчките земјоделци ќе блокираат два гранични премини со Македонија

Грчките земјоделци не мируваат, па и денеска закажаа протест не на еден, туку на два гранични премини во Македонија. Протестот на граничниот премин „Евозни“, ќе започне околу 13 часот по локално врмее, односно по наше околу 12 часот, со тоа што сообраќајот на овој премин ќе биде блокиран неколку часа. А пак на „Меџитлија“, согласно најавите на локалните медиумите, ќе биде затворен до 16 часот по грчко, односно од 11 до 15 часот по македонско време. Во моментов на Евзони се паркирани 100 трактори и 5 комбајни. 

Според најавите, се очекува големо учество на земјоделци со возила, а протестот ќе трае се додека не заврши протестот.

 

26.02.2024 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега