Грчките медиуми објавија снимка пред хулиганскиот хаос во Атина: „Ова е одред на смртта“
Медиумите во Грција објавија нови видеа од хулиганскиот хаос кој се случуваше во Атина, а во кој учевствуваа навивачи на АЕК, Динамо Загреб и Панатинаикос.
Телевизијата „Стар“ објави снимки од неколку надзорни камери, а на нив може да се забележи дека членови на „Бед блу бојс“ вооружени со палки, ланци и ножеви.
„Повеќе од 100 лица тргнуваат во напад за да убијат. Сите се облечени во црно, двајца од нив носат кацига, додека на дел од нив им е лицата им се покриени. Има и такви на кои им се откриени лицата и се движат тајно сè додека не дојдат до позиција за напад и да убијат“, објави телевизијата.
29 годишен грчки навивач во пресметките беше убиен, додека десетина се повредени, а полицијата потоа уапси околу 100 хулигани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа