Грчева: Владата прави само козметички промени, не отидовме ниеден чекор напред

Овие 100 дена на старо-новата влада што траат не ми се важни. Видовме што тие направија во изминатите скоро 4 години, додека во првите две зборуваа за тоа како ВМРО ја упропасти Македонија и се што се случуваше“, изјави Солза Грчева, претседателката на „Глас за Македонија“, за емисијата „Само вистина“.

Според неа, таа реторика на обвинување треба да се напушти.

„Македонија не отиде ниеден чекор напред од тоа што требаше да отиде. Ја зголемија администрацијата, видовме селективни судски спорови, амнестија на луѓе за да гласаат за уставни промени и еден куп скандали. Специјалната јавна обвинителка испадна корумпирана личност итн. Не гледам некакви суштински промени. Мене што ме загрижува е денешната изјава на министерот за правда кој зборуваше за измени во правосудството и подобрувања во насоки на препораките на ЕК, меѓутоа не видов никакви систематски промени. Не видов да има тело во Собранието како врвна власт бидејќи имаме три власти. Не видов совет што се препорачува во овие препораки, кој редовно ќе врши советување на советот на обвинители, судскиот совет и др. Не може да има само козметички промени“, смета Грчева.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега