Граѓаните со ниски приходи можат да аплицираат за субвенционирање на сметката за електрична енергија до крај на месецов

 

 Министерството за економија информира дека и во 2023 година продолжува со субвенционирање на сметката за електрична енергија за домаќинства со ниски приходи и ги повикува граѓаните да аплицираат до крајот на месецот.

Јавниот повик за оваа мерка беше објавен на 27 јануари на веб - страницата на Министерството за економија и ќе трае до крајот на февруари. 

Како што истакнуваат од Министерството за економија, за оваа мерка се обезбедени 60 милиони денари, а ќе се субвенционираат од 600 до 800 денари од сметката за електрична енергија на домаќинствата во зависност од вкупните месечни приходи кои ги остваруваат. 

15.02.2023 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега