Граѓаните го начекаа Ковачевски во маркет, па му кажаа: Премиере, лекови не може да се купат со два денари од заштеда на макарони

 

Денеска премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, но и со многу камери прошета низ скопски маркет, за како што кажа да ги провери цените на јајцата.

Но, граѓаните имаа можност да го затекнат, па ја искористија шансата да го искажат своето незадоволство од замрзнувањето на цените, ниските плати и високата инфлација. Повозрасна жена му се обрати на премиерот и го праша зошто највисоките пензии се зголемуваат најмногу, а најниските најмалку. Исто така, дополни дека цените се многу високи. 

„Цениве се до плафон. Со два денари макарони и денар на јајца кои беа 99 денари тоа не е мерка. Дојде тежок животот, не можеме да купиме ниту лекарства со тие пари“, му кажа жената на Ковачевски.

Премиерот ја оправда ситуацијата, кажувајќи дека сегде во светот има криза поради руско-украинскиот конфликт. А не губеше време, па се пофали што неговата Влада направила.

– Точно е дека се зголемени цените затоа што се води војна во Украина. Она што направивме е замрзнување на цените со што се намалија цените за десет отсто. Ја замрзнавме цената на јајцата и на оризот. Сега се поевтини и за десет проценти од тоа што беше. Таму каде што не можевме да стигнеме до џентлменски договор, донесовме одлуки на Влада – и врати Ковачевски на купувачката.

28.03.2023 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега