Градоначалникот Димитриевски: Пристигнаа дојави за бомби во 10 училишта во Куманово

 
Ја информирам јавноста дека дојави за бомби пристигнаа во девет основни и едно средно училиште на територија на Општина Куманово, информира преку социјалната мрежа Фејсбук, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
 
„Станува збор за основните општински улилишта „11 Октомври“, „Бајрам Шабани“, „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“, „Јероним Дерада“, „Карпош“ – Умин Дол, „Кирил и Методиј“, „Кочо Рацин“ и средното општинско улилиште „Гоце Делчев“.
Екипите на СВР Куманово при Министерството за внатрешни работи се на терен и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Учениците и наставниците безбедно се евакуирани, а родителите и граѓаните да бидат смирени.
Во текот на вчерашниот ден, во општината имавме координативен состанок за справување во кризни ситуации и преземање на мерки“, пишува градоначалникот на социјалната мрежа ФБ.

15.12.2022 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега