Гори сува трева во Штип - пожарникарите на терен
Регионалниот ЦУК Штип ја пренесува информацијата од пожарникарите од ТППЕ Штип, дека во 13:00 часот имале дојава за пожар на запалена сува трева во близина на турски гробишта во град Штип.
„Екипата пожарникари е излезена со едно теренско возило и со едно ПП возило и со 7 пожарникари“, изјавија од Центарот за управување со кризи.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
21.07.2023 - 13:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа