Гореше и во битолско Цапари - пожарникарите не дозволиле проширување на пожарот во шумскиот појас

Покрај моменталниот пожар во Делчево, се уште има чад од пожарот и во битолското село Цапари. Според информациите на Центарот за управување со кризи, во моментов пожарот кај Цапари Битолско бил локализиран.

„Има чад од зафатената површина со висока сува трева, нискостеблесто и смрека, но не е дозволено пожарот да навлезе во шумскиот појас“, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов за Прес 24.

Дополни дека екипите се се уште на терен.

01.04.2024 - 17:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега