Големо поевтинување на дизелот - сега бензинот е само 1,5 денар поевтин
Цената на бензинот и дизелот повторно се доближија. Со денешните корекции кои ги направи Регулаторната комисија за енергетика литар дизел е само 1,5 денари поскап од литар бензин. Денеска бензините поевтинија за 2 денари и 95 октанскиот бензин чини 91,5 денари а дизелот од полноќ поевтинува за 3 денари, со што еден литар ќе чини 93 денари.
Како се движеше малопродажната цена на горивата во претходниот месец
Од почетокот на октомври до последната корекција денеска бензинот е поскап за 5,5 денари а дизелот за 2 денари.
Најголемата разлика меѓу цените на дизелот и бензинот имаше на 13 октомври кога литар дизел беше за 14,5 денари поскап од бензинот. Од тогаш до денеска бензинот поскапи за 2,5 денари а дизелот поевтини за 10,5 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа