Големо невреме проследено со пороен дожд, град и ветер го зафати Прилеп

Прилеп е зафатен од нестабилна воздушна маса, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град.

Попладнево подолго време се задржа поголема нестабилност во Мариово со појава на грмежи, врнежи од дожд и град, информираа од УХМР.

Во западните делови има слоевита облачност, а помали јадра на нестабилност има во околината на Кичево и Македонски Брод.

24.06.2024 - 18:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега