Голема трагедија во Германија: Починаа три млади момчиња, правеле скара
Голема трагедија се случи во неделата навечер во Вупертал. Починаа тројца млади луѓе.
Портпаролот на противпожарната служба во Вупертал потврди дека тројца млади мажи загинале за време на скарата.
Според соопштението на полицијата, младите мажи, кои биле на возраст од 18, 25 и 26 години, во неделата биле во градината на Хајнштрасе во Вупертал (Северна Рајна-Вестфалија). Кога доцна навечер не се вратиле дома, родителите се загрижиле.
Според првите информации, тие наводно направиле скара во градината во нивната куќичка, што се покажало како фатална грешка, пренесува магазинот „Феникс“. Имено, градината очигледно не била доволно проветрена, па гасовите настанати при печењето не можеле да испарат. „Пожарникарите добија пријава за сомнителен гас и предупредување за присуство на јаглерод моноксид“, изјави портпаролот на пожарникарите. Обдукцијата ќе утврди дали навистина починале од труење со јаглерод моноксид, пренесуваат локалните медиуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа