Голема трагедија во Флорида: Во стравична сообраќајка загинаа пет лица на возраст од 18 и 19 години

Пет тинејџери загинаа денеска кога автомобилот во кој се возеле почнал неконтролирано да се движи, пред да излета од патот и да падне во акумулационо езеро во југозападниот дел на американската сојузна држава Флорида, соопштија денеска локалните власти во Форт Мајерс.

Претставници на полицијата во Форт Мајерс изјавија дека несреќата се случила во понеделникот, рано наутро по локално време и дека три девојчиња и две момчиња, сите на возраст од 18 до 19 години, го загубиле животот, пренесува АП.

Имињата на тинејџерите кои загинаа не беа веднаш објавени, но локалните медиуми во Форт Мајерс објавија дека четворицата тинејџери работеле заедно во ресторанот Тексас Роудхаус.

27.06.2023 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега