Голем скандал го тресе Холивуд: Познат глумец обвинет за сексуално вознемирување
Познатиот холивудски актер и ѕвезда на „Брзи и бесни“, Вин Дизел, е обвинет за сексуално вознемирување од неговата поранешна асистентка Аста Џонсон.
Според тужбата поднесена против него, тој ја нападнал во септември 2020 година во хотел во Атланта.
По тој повод во јавноста излегоа грозоморни детали, а светските медиуми пишуваат за нив. Како што понатаму се наведува, тој ја поканил во својот стан, по што наводно ја фатил за зглобовите и ја одвлекол до креветот. Таа молела да престане, но тој потоа почнал да ги допира и бакнува нејзините гради, се наведува во тужбата.
Џонсон се плашела насилно да го одбие својот претпоставен, знаејќи дека е критично за нејзината безбедност и безбедноста на нејзината работа, па сакала само да се извлече од собата.
-Но, во тоа не успеала бидејќи веднаш потоа Вин Дизел паднал на колена, го подигна фустанот на г-ѓа Џонсон до половината и ја малтретираше, поминувајќи со рацете нагоре по нејзината нога и до внатрешниот дел на бутот. Во еден момент, Аста успеа да побегне во бањата, но актерот ја прилепил за ѕид и ја ставил нејзината рака на неговиот пенис во ерекција. Дизел потоа мастурбираше, се вели во тужбата.
-Преплашената г-ѓа Џонсон ги затвори очите, обидувајќи се да се одвои од сексуалниот напад и да избегне да го налути. Таа во тоа време дипломирала во Лос Анџелес, а работела во неговата компанија „One Race“, додека неговиот филм „Fast Five“ бил во продукција. Нејзината работа беше да организира забави, да ја придружува филмската ѕвезда до приеми и да се погрижи да биде „блиску“ до него кога тој се фотографирал со други жени. Сепак, Џонсон тврди дека била отпуштена неколку часа откако Дизел ја нападнал, се наведува во тужбата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа