Голем пресврт: Приведена една девојка, специјалците трагаат по уште едно лице - детето извлечено од реката Пена било убиено?

 

Голем пресврт се случи во случајот со 16-годишното дете, чие тело вчера беше извлечено од реката Пена во Тетово, во близина кај месноста Бањиче. ТВ Алсат пренесува дека МВР истражува дали момчето било убиено. Досега била приведена девојка која има 17 години, а полицајците наводно трагаат по уште едно лице.

Следниве неколку дена девојката ќе биде под психијатриски надзор за да се утврди нејзината здравствена состојба, изјавил за Алсат адвокатот на приведената.

– Се работи за малолетна девојка. Случајот е во процедура, за да бидеме коректни добро е во оваа фаза да ги оставиме надлежните органи да си ја завршат работата. Од вечерва, па во наредните денови, таа ќе биде под лекарски надзор за да се утврди нејзината псохофизичка сосотојба. Ова е многу трагичен настан“, изјавил синоќа адвокатот на девојката, Ибраим Бајрами.

23.12.2022 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега