Голем пожар на јадранско пристаниште: Се запалија неколку магацини во италијанскиот град Анкона

Голем пожар ноќеска изби на подрачјето на пристаништето на Јадранското море во италијанскиот град Анкона, пренесуваат италијанските медиуми.

Како што може да се види на фотографиите и видеата кои се појавија на социјалните мрежи, на лице место може да се види голем столб на чад и оган.

Засега нема пријавено жртви или повредени, а од противпожарната служба на Анкона за локалните медиуми изјавија дека пожарот избил околу 30 минути после полноќ.

Пожарот се проширил и зафатил неколку магацини, а на лице место пристигнале 16 пожарникари и неколку противпожарни возила.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега