Голем пожар избувна кај Сплит, голем број пожарникари на терен

Голем пожар избувна денеска околу 15 часот во месноста Сегет Горњи, кај Сплит.

Како што дознава „Далмација данас“, на местото на пожарот се упатиле повеќе пожарникари од локалното подрачје.

Пожарот настанал кога се запалила трева, ниска и висока вегетација, но деталите за пожарот не се познати.

Локализирањето на пожарот е во тек.

14.06.2024 - 19:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега