Голем број на пожари во Македонија, за три дена регистрирани 53
Во изминатитет три дена дена имало 53 пожари на отворено, а само во последното деноноќие 22, соопшти ЦУК. Пожари имало во Охрид, Тетово, Скопје, Куманово, Штип, Битола, Велес и Струмица.
Карактеристичен пожар што предизвикал дополнителна штета, освен на вегетацијата, е во Велешкиот регион каде што пожарникарите од ТППЕ Велес од 13. 12 до 14.48 часот вчера, со два пожарникара и едно ПП возило гаснеле опожарена ниска вегетација, ѓубре и дрво во близина на с. Фојница, кај Фојнички Мост. Биле опожарени и три греди од мостот.
ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа