Главниот германски виролог: Не очекува нова пандемија- веќе познат вирус може да предизвика многу проблеми

Германскиот вирусолог Кристијан Друстен предупреди на опасноста од нов вирус што може да предизвика пандемија.

Главниот вирусолог на берлинскиот „Шарит“ рече дека вирусот Мерс-КоВ, според него, е „кандидат“ за следната пандемија.

Достен истакна дека вирусот корона добил доволно внимание од науката и дека сè веќе се прави.

Затоа тој има намера, како што објасни, да формира мала работна група што ќе биде посветена на новиот вирус.

Патем, вирусот Мерс (респираторен синдром на Блискиот исток) спаѓа во групата на вируси од корона и првпат се појави во 2012 година на Арапскиот полуостров.

Како и короната, и Мерс предизвикува респираторни инфекции, поради што Светската здравствена организација го вклучи вирусот меѓу „приоритетните болести“, на кои се посветува големо внимание.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега