Ѓорѓиев: Потребна е средба со претседателката на Врховен суд за важни и клучни теми

Претседателот на Судски совет Сашко Ѓорѓиев вели дека средба со претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми е потребна поради важни и клучни теми во судството.

 

-Поканата беше за денес во 11 часот. Бевме тука колегите од Судскиот совет, бевме спремни за разговор, но од страна на претседателката Беса Адеми истата не се појави на закажаната средба. Воедно, ни испрати писмо во кое ни кажа дека нема да дојде на оваа средба, а веќе видов во дел од медиумите е објавена содржината од ова писмо. Тоа, според мое видување, се нејзини лични видувања за состојби. Но, во секој случај морам да истакнам дека нужно и законски потребно е во случајот претседателката да дојде во Судскиот совет и непотребно да разговараме доколку има некакви проблеми во смисла на политички или било какви влијанија врз Врховен, како што беше тоа истакнато, рече Ѓорѓиевски.

 

Адеми претходно соопшти дека нема да оди на средба во Судскиот совет кој ја побара поради наводите за политички притисоци врз судиите. Таа преку соопштение информираше дека поканата не била соодветна, а по извештаите на меѓународната заедница ќе се отворат суштински прашања за проблемите на судството.

 

06.11.2023 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега