Ѓедовиќ: За изградба на гасната интерконекција со Северна Македонија очекуваме подршка од ЕУ

 

Поддршка од Европската Унија за планираната изградба на гасна интерконекција меѓу Србија и Северна Македонија, очекува српската министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ.

Таа ова го наведува во соопштението по денешното потпишување на Меморандумот за соработка во областа на рударството и енергетиката со министерот за економија на Северна Македонија, Крешник Бектеши, јави дописникот на МИА од Белград.

Ѓедовиќ во соопштението посочува дека со Меморандумот потпишан во рамките на посетата на македонската владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, се поставува широка рамка за соработка меѓу двете земји во енергетиката и рударството.

За време на посетата, министерка Ѓедовиќ оствари билатерална средба со министерот за економија Крешник Бектеши.

-Во услови на енергетска криза треба уште поблиску да соработуваме како соседи за да се бориме заедно со последиците од кризата и да обезбедиме поголема сигурност во снабдувањето. Сакаме да работиме на ова преку иницијативата „Отворен Балкан“, како и преку заеднички проекти, како што е планираната изградба на гасна интерконекција меѓу Србија и Северна Македонија. За реализација на овој проект очекуваме поддршка од Европската Унија, бидејќи тој е важен за диверзификација и безбедност на снабдувањето со гас во регионот, рече Ѓедовиќ.

31.03.2023 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега