Гир: Регионалните иницијативи не се алтернатива за членство во ЕУ

 

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир, на денешниот панел „Регионалните иницијативи и европската интеграција“, рече дека регионалните иницијативи не се алтернатива за членство во ЕУ, туку служат да се донесат клучни играчи за да отворат дискусија за прашања од заеднички интерес и сето тоа е поддржано од Унијата.

- Се наоѓаме во време кога имаме одреден моментум и динамизам. Постојано велиме дека добрососедските односи прават добар процес на евроинтеграција, тоа е столбот на евроинтеграцијата. Оваа држава има солидна репутација во регионот во промовирање на дијалог и соработка и безбедност. Пренесувајќи ги своите искуства на меѓународен план, ние го видовме ова преку Преспа форумот, а сега Северна Македонија беше и домаќин на Договорот помеѓу Србија и Косово, рече Гир на панел-дискусијата што се одржа денеска во МНР во организација на Дипломатскиот клуб – Скопје и Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС), по повод Денот на македонската дипломатија 29 април.

Гир потсети дека Северна Македонија направи голем прогрес на својот евроинтегративен пат во последните неколку години што кулминираше да се отвори преговарачкиот процес минатиот јули.

- Како што земјата оди напред со очекуваните промени во својот Устав и се надевам ќе биде можно овие дискусии да бидат проследени на еден инклузивен и толерантен контекст каде дури постојат големи разлики, рече Гир. 

Тој оцени дека регионалната соработка и регионалната ЕУ интеграција треба да одат заедно рака под рака.

- Тие се комплементарни и се поврзани со концептот што го почнавме. Сега дискутираме за заеднички пазар на Западен Балкан како елемент за интеграција. Ова беше усвоено во Софија во 2020 година, што значи слободно движење на услуги капитал и луѓе. Покривање аспекти на дигитализација, инвестиции и иновации и индустриски политики, сето тоа може да промовира подобра регионална економска интеграција, како и витална интеграција во пазарот на ЕУ, рече Гир.

Гир е согласен дека треба да се отстрани митот за ваквиот заеднички балкански регионален пазар, што, како што рече, нема да одврати ниту алтернатива на вашиот пат за ЕУ интеграција.

- Минатата недела македонскиот Парламент го ратификува значи слободното движење на стоки и на пазар на регионалниот балкански пазар. Тоа е навистина позитивна оценка. Многу е важно сите играчи да имаат улога во еден заеднички регионален пазар и да прават заеднички напори. Заедничкиот пазар на Западен Балкан не е добро разбран, треба повеќе да се објасни на пошироката јавност дека тоа е важен инструмент за просперитетот и стабилноста на регионот, оцени евроамбасадорот.

Според него, треба да се придонесува за дигитална трансформација на регионот, подобро поврзување на граѓаните и бизнисите.

- Уште една голем практичен чекор ќе биде експанзија на т.н. зелени ленти на самите граници, нешто што сите се обврзаа. Тоа навистина ќе ја олесни царинската документација, царинските постапки за смарт транспорт и за одржливи конективности. Албанија, Северна Македонија и Србија сите заедно сакаат да ја подобрат регионалната соработка во економската интеграцијата преку иницијативата Отворен Балкан, порача Гир. 

27.04.2023 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега