Ги заведе славните момци, а сега ужива во романсата со бизнисменот: На нејзините бујни облини малкумина остануваат рамнодушни

Во последниве години ја поврзуваа со славни мажи, а атрактивната манекенка сега судејќи по многу работи ужива во романсата со бизнисменот.

Австралиската манекенка Тина Луис (40) привлекува внимание со своите бројни тетоважи и неверојатна фигура на тело со фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи на кои што ги истакнува своите облини.

Тина Луис кон крајот на месец април била фотографирана на калифорниска плажа каде што уживала во зелено-белото бикини и предизвикувала воздишки кај мажите.

Атрактивната менекенка не ја тргнувала насмевката од своето лице, капејќи се и истакнувајќи ги своите облини.

Инаку, Тина привлекува внимание во јавноста и со својот љубовен живот. Во последниве години за нејзиното име се врзувале три имиња на славни мажи во чие друштво била гледана.

Како што пренесуваат странските медиуми, манекенката моментално е во врска со американскиот бизнисмен Брет Опенхеим (44) кој што е познат по емисијата „Selling Sunset“ за продажба на недвижности.

Парот неодамна бил фотографиран во текот на една нивна прошетка во Калифорнија.

Инаку, Тина во март била забележана на вечера со мистериозен маж во еден ресторан и тогаш уште еднаш ја заинтригирала јавноста поради тоа што тоа бил четврти маж од месец мај минатата година со кој што ја поврзувале, но прв кој што бил непознат.

Да ве потсетиме, манекенката претходно беше во романса со 16 години постариот пејач Гавин Росдејл, инаку поранешен сопруг на пејачката Гвен Стефани кој што сопругата ја изневерувал со дадилка.

Исто така се шпекулирало дека Тина го љуби и осум години постариот Брајан Остин Грин (47).

Со него била фотографирана во Лос Анџелес и многумина помислиле дека по нивното појавување во јавноста нивната врска е сериозна и дека актерот конечно ја заборавил поранешната сопруга Меган Фокс.

Но, веќе во октомври минатата година Тина била фотографирана на плажа во Малибу со раперот Паф Диди (51), а изгледале среќно и заљубено.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2021 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега