Германските обвинители нема да го гонат политичарот кој го нарече Ердоган „канализациски стаорец“

 

Државните обвинители во Германија нема да покренат истрага за политичарот Волфганг Кубицки затоа што го нарече турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган „стаорец од канализацијата“.

Јавното обвинителство во Хилдесхајм соопшти дека не гледа основа за сомневање за кривично дело, рече портпаролот, потврдувајќи го претходниот извештај на магазинот „Дер Шпигел“.

Претходно, турскиот претседател поднесе кривична пријава за навреда и клевета против Кубицки поради изјавата.

Кубицки, политичар од Слободните демократи, го нарече Ердоган „мал канализациски стаорец“ додека ја коментираше имиграциската политика на турскиот лидер. Анкара тогаш го повика германскиот амбасадор поради изјавата на Кубицки.

19.12.2022 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега