Герасимовски: Преку стручни совети до рано препознавање и решавање на булинг меѓу учениците

 

 

Општина Центар спроведува обуки за наставниците и стручните соработници од сите училишта во општината за рано препознавање, решавање и превенција на врсничко насилство – булинг. Обуките се одржуваат во соработка со Здружението „Европски соѕвездија“ во КСП Центар –Јадро од страна на еминентни универзитетски професори.

„При самиот старт на учебната година наставниците и стручните соработници од училиштата посетуваат три дневни обуки за булинг негово препознавање и решавање. Врсничкото насилство е сериозен проблем на кој ние како локални самоуправи под чија надлежност се основните училишта имаме одговорност да ги преземеме сите мерки и активности за поголема безбедност во образовните установи. Секое игнорирање на меѓуврсничкото насилство може да остави трајни последици по личноста и семејството. Нашата цел е тоа да не се случи. Сите имаме одговорност, воспитувањето доаѓа од дома, но и вие како наставници и стручни служби мора да укажете и превенирате за она кое ние го пропуштаме. Очекувам од вас како наставен и стручен кадар да внимавате на овие појави во училиштата и постапите соодветно со цел безболно решавање на ситуациите“, рече Герасимовски пред присутните.

Општина Центар се грижи за здравјето и иднината на учениците затоа вложувајќи во континуирана едукација на образовниот кадар, вложува во подобро утре и за следните генерации, велат од општината.

 
14.09.2023 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега