(ГАЛЕРИЈА) Пендаровски и Вучиќ во Прохор Пчински: „Немаме отворени прашања“

 

-Северна Македонија и Србија имаат одлична соработка, негуваат исклучително добри пријателски односи и меѓу нив не постојат отворени прашања. Нашата трговска размена е 1,5 милијари евра годишно, а верувам дека и натаму ќе расте. Заеднички работиме на олеснување на животот и на подобрување на животниот стандард на граѓаните од двете земји. Сега разговараме за спојување преку нашите железници со што ќе бидеме уште поблиску едни до други и уште подобро поврзани, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ денеска од Прохор Пчински.

Српскиот претседател упати благодарност до владиката Пахомије за гостопримството, но, како што истакна, и до патријархот Порфирије „за историските одлуки што ги донесе СПЦ на добробит и во корист на двата наши народа, и српскиот и македонскиот“.

Претседателот Пендаровски му заблагодари на Вучиќ што Србија од минатата година овозможи повторно чествување на Илинден во Прохор Пчински.

„Вучиќ од лани овозможи земјава повторно да го слави државниот празник каде што е формирана. Се надевам дека и натаму ќе се гледаме на ова место и ќе им оддаваме почит на нашите најголеми национални великани“, истакна Пендаровски.  

Тој и Вучиќ, како што најави српскиот претседател, по  Прохор Пчински ќе продолжат во Врање, каде на работен ручек ќе разговараат за „натамошните чекори“.

 

02.08.2023 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега