Фрчат казни во Тетово: Казнети се над 1.500 лица


Во текот на февруари годинава полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово во 19 акциски контроли и други тековни активности реализирани на поширокото тетовско подрачје вкупно откриле и законски санкционирале 1537 најразлични прекршоци. Во овие контролни активности, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај билe исклучени 58 возила, од кои 31 поради истечена регистрација до и над 30 дена, 25 поради утврдена техничка неисправност и 2 поради претовар. Во февруари, исто така, од сообраќај биле исклучени и 205 возачи, од кои 117 управувале без возачка дозвола, 66 под дејство на алкохол, 16 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, 3 со важечка забрана за управување и 3 со несоодветна категорија. Во периодот за кој станува збор времено биле одземени 109 возачки и 41 сообраќајна дозвола, додека тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 177 непрописно, односно погрешно паркирани возила.

Во февруари, исто така, биле изречени и вкупно 592 мерки за неприлагодена брзина според условите на патот, односно за пребрзо возење во и надвор од населени места.  

04.03.2024 - 18:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега