Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во дводневна посета на Србија
Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Србија. На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
На белградскиот аеродром беа и амбасадорот на Франција во Белград, Пјер Кошар и амбасадорката на Србија во Париз, Ана Хрустановиќ.
Во 18.30 часот Макрон имаше свечен пречек пред „Палата Србија“ со воени почести, по што следеше заедничка средба на двајцата претседатели и церемонија за размена на потпишаните билатерални документи.
29.08.2024 - 20:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа