Франција: Од денес слободата за абортус загарантирана во Устав
Долниот дом на францускиот парламент, со огромно мнозинство, на прво читање, ја прифати владината реформа со која во Уставот се вметнува гарантираната слобода за абортус.
Оваа реформа беше поддржана од 493 пратиници а само 30 беа против.
Министерот за правда, Ерик Дупонд-Морети изјави дека сега е ред на францускиот Сенат да го усвои текстот.
За да стапи на сила оваа одлука, Сенатот треба да го поддржи текстот без никакви измени.
Ниту една од големите француски партии претставени во парламентот не го доведува во прашање правото на абортус.
Но, многумина сенатори кои му припаѓаат на десниот центар се противат на спомнувањето на абортусот во уставот, сметајќи дека тоа не е уставно прашање и дека правото на абортус не е загрозено во Франција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа