(ФОТО+ВИДЕО) Горат три бараки во Драчево - пожарникарите на терен

Голем пожар вечерва избувна во Драчево. На терен е Територијалната противпожарна единица од Скопје со шест возила.
Според извори на Прес 24 се запалил прво кровот на една барака, а потоа се проширил на останатите две. Интервенираат 15 пожарникари со шест противпожарни возила. 
 
За среќа, нема повредени во пожарот. 
 
Пожарникарите се уште работат на целосно гасење на пожарот. 
Екипа на Прес 24 е на местото на пожарот, повеќе информации и од надлежните следуваат наскоро во текот на вечерта. 

30.01.2024 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега